АФП тврди: Меси се сели во Саудиска Арабија, се договорил со Ал Хилал за рекордна сума!

by
1 минути читање

Фановите на Барселона се надеваа дека Меси ќе се врати на Камп Ноу, но тој ја одбрал богатата понуда од Саудиска Арабија, тврди АФП кој се повикува на извор од оваа земја.

Се работи за договор од преку 300 милиони евра по сезона, Ал Хилал ќе биде новиот клуб на Меси. 

„Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси ќе игра во Саудиска Арабија следната сезона, извор од саудијците близок до преговорите кажа на АФП велејќи дека договорот е огромен. Заминувањето на Аргентинецот е договорена работа“, се вели во веста на француската новинска агенција.

Тоа значи дека Роналдо и Меси повторно ќе бидат ривали играјќи во иста лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×