Синоќешниот меч кој требаше да се игра во Атина беше одложен, но УЕФА реши да не го исфрла Динамо Загреб од Лигата на шампионите.
„Како е можно после тоа барбарско убиство на Михаил од страна на криминалци од Хрватска, АЕК да излезе на теренот и да игра против овој тим“, се вели во соопштението.
„Дали некои од убијците ќе бидат на трибини? Дали нивните партнери во криминалот кои денеска на социјалните мрежи го славеа убиството ќе бидат на трибини? Оние кои колнат по нас и се гордеат на извршеното убиство извршено од нивните сопатници во организиран криминал“.
„Кој навистина не принудува овие натпревари да ги играме со крвта на нашиот убиен навивач, а друг тешко повреден? Кога сите знаат дека оние кои дојдоа тука да убиваат се составен дел од организацијата со која треба да играме фудбал?“.
„Дали лобирањето на Хрватите во УЕФА е поважно од човечкиот живот одземен од убијците? И дали за доброто на европскиот фудбал се бара да ги натераме нашите играчи да играат фудбал во нивното дувло како ништо да не се случило?“.
„Има само еден начин: Веднаш и сега строга казна! Цивилизираниот европски фудбалски свет го чека тоа. Исто и АЕК“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.