Адидас потврди дека Роналдо не ја допрел топката (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалија
синоќа со 2-0 го совлада Уругвај и обезбеди пласман во осминафиналето, но по
натпреварот топ тема е Кристијано Роналдо.

Водечкиот гол во
прв момент му беше препишан на напаѓачот, но одлуката потоа беше променета и во
листата на стрелци се појави Бруно Фернандеш.

По крајот на
натпреварот, Кристијано Роналдо му гестикулираше на судијата дека ја допрел
топката со глава, дури се говореше дека Фудбалската федерација на Португалија
ќе испрати жалба до ФИФА и ќе понуди докази со кои ќе бара да се смени името на
стрелецот, и погодокот да му биде препишан на ЦР7.

Сепак, од Адидас се
огласија и објавија дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот
на Бруно Фернандеш. Во топките на Адидас има чип кој реагира контакт, и на
мониторинг системот не се забележува никаква реакција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани