Динамо Загреб славеше со 1-0 над Челси кој беше голем фаворит на овој меч. Загребскиот тим ја оствари една од најголемите победи во својата историја, а Аријан Адеми беше играч на натпреварот.
„Ова е голема победа за нас, навистина одигравме еден многу квалитетен натпревар, покажавме дека сме моќни и доминиравме во дел од натпреварот против Челси. Ги анулиравме сите нивни силни страни и заслужено победивме. Баш на овој натпревар не примивме гол и среќни сме поради тоа“, вели Адеми.
„Овој тим научи да игра вакви натпревари, имаме многу повеќе самодоверба, едноставно излегуваме со мисла дека ќе победиме и тоа се гледа на теренот“.
„Секоја чест за Челси, тие навистина се еден силен тим. Но одиграа колку што им дозволивме. Навистина ние одигравме еден врвен меч и малку му дозволивме на Челси да креира, а тоа што го направија, Ливаковиќ го одбрани и заслужено победивме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.