Во пресрет на
„Дербито на Италија“ имаше многу дебата со тоа кој е посилен, Интер или
Јувентус, или пак кој завршил подобра работа, Инзаги или Алегри?
Интер синоќа го
победи Јувентус со 1-0 и избега на +4 (плус имаат и еден заостанат натпревар),
па дебатата продолжи и по крајот на натпреварот.
Во емисијата „Доменика
Спортива“ на Раи 2, гостите имаа различни мислења, еден рече дека „Интер е
јасно посилен од Јувентус“, друг додаде дека „Нема споредба помеѓу двата
состави“, но со ова не се сложи Даниеле Адани.
„Интер ги донесе
Дармијан и Ачерби како засилувања пред две години, не можете да ги споредите со
Бремер и Данило“ – вели поранешниот дефанзивец.
„Во средниот ред,
Интер ги ангажираше Мхитарјан и Чалханоглу, играчи кои никој не ги сакаше, Јувентус
го има Локатели, за кого платија 40 милиони евра, и Рабио, кој играше финале на
Светско првенство со Франција“.
„Во нападот,
Интер остана без Лукаку и Џеко, а потпиша со Турам, никој не сметаше дека е на
вакво ниво. Јувентус го има Влаховиќ, за кого платија 90 милиони евра“.
„Па како може да
кажете дека Интер е толку супериорен во однос на Јувентус?“
„Да, игрите и
резултатите зборуваат друго, но тоа е само поради добрата работа“.
„Јувентус не
помина добро со Ди Марија, Де Лихт, Кулушевски. Интер носеше играчи за беспари,
играчи кои никој не ги сакаше, и ги направи да станат важна карика од тимот“.
„Момци, не го
цените доволно сработенотo“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.