Абрамович го известил Лампард дека треба да продава за да ги купи Хаверц и Чилвел, ќе мора да го жртвува и Канте?!

by
1 минути читање

„Сините“ веќе
потрошија околу 90 милиони фунти за ангажман на Хаким Зијеш и Тимо Вернер, но Челси
допрва треба да го одврзе ќесето. Се верува дека Френк Лампард инсистира на
ангажман на Бен Чилвел од Лестер и Каи Хаверц од Баер Лерверкузен, и ова дуо ќе
чини околу 150 милиони финти.

Но пред да тргне
во нова офанзива, стратегот добил порака од сопственикот Роман Абрамовиќ дека треба да продава, а медиумите
шпекулираат дека дури 13 фудбалери можат да го напуштат Стемфорд Бриџ.

Наводно на
излезна врата се Оливие Жиру, Жоржињо, Курт Зума, Андреас Кристијансен, Маркос
Алонсо, Емерсон Палмиери, Баба Рахман, Тимуе Бакајоко, Миши Батшуаји и Рос
Баркли.

Вилијан и Педро нема
да добијат нови договори и ќе заминат, а Челси веројатно ќе треба да го жртвува
и Нголо Канте.

Французинот е
еден од најдобрите играчи во составот, миленик на публиката, но неговата
продажба може да донесе голема сума на пари, па затоа „сините“ размислуваат за
разделба и со Канте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×