Абрахам не постигна гол, но донесе победа за Рома! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Идеален ден за Рома, тие ги освоија трите бода, а нивниот ривал Лацио го загуби мечот со Лече.

Рома доби сомнителен пенал по старт врз Дибала уште во четвртата минута. Прецизен од белата точка беше Пелегрини кој донесе водство од 1-0.

По тој момент Рома повеќе размислуваше на одбраната отколку на нападот, а Болоња особено засили во самиот финиш од мечот. 

Во судиското продолжение гостите имаа две големи шанси. Најпрво Смолинг блокираше еден удар на Арнаутовиќ, а потоа Абрахам исфрли со глава од самата гол линија, Руи Патрисио веќе беше совладан.

Лацио во Лече поведе со гол на Имобиле уште во 14. минута, со предност од 1-0 го завршија првото полувреме, но во вториот дел работите се променија.

Лече во 57. минута со гол на Стефеца изедначи на 1-1, а во 71. минута погоди и Коломбо за комплетен пресврт и победа на домаќините од 2-1.

Рома и Лацио сега се израмнети на табелата во Серија А со по 30 бодови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×