На мечот во Солун, Миовски започна од клупата за резерви, македонскиот фудбалер во игра влезе во 79. минута кога резултатот веќе беше 2-2.
По ова реми Абердин има само два бода, а на две кола до крајот пред нив се ПАОК со 10 и Ајнтрахт Франкфурт со 9 бода. Тоа значи дека шкотскиот тим има уште два меча од групната фаза кои ќе немаат никакво резултатско значење.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб кој загуби на гостувањето кај Викторија Плзен со 1-0. Хрватскиот тим се израдува на реми во судиското продолжение, но голот на Куленовиќ беше поништен поради офсајд.
Фиорентина со 1-0 славеше на гостувањето кај Чукарички, Бешикташ дома загуби со 2-1 од Бодо/Глимпт, Ајнтрахт со 1-0 беше подобар од Хелсинки во Финска.
Легија со 2-0 го победи Зрињски, Нордсјеланд и Спартак Трнава одиграа 1-1, исто како и Ференцфарош и Генк, реми беше и на мечот меѓу Астана и Балкани, но таму немаше ни голови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.