„А Швајни ме убедуваше дека сите ме знаат” – Хајнкес раскажа анегдота од средба со пар од Америка во лифт

by
1 минути читање

Искусниот стратег
во 2013 го предводеше Баерн Минхен до историски успех и прва тројна титула
односно триумф во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на Шампионите.
Можеби е легенда на „Баварците“, но очигледно не е толку многу познат, или барем не
во САД.

„Утрово во лифтот
во мојот хотел, на петиот кат влезе постар пар. Господинот беше
прилично тивок, но госпоѓата беше пријателски расположена и ми рече „добро
утро“ па и јас и кажав „добро утро“. Со мене имав торба од Баерн Минхен, и таа
ме праша, „леле, вие сте фан на Баерн Минхен?“. Јас само одговорив, „да, секако!“
– раскажа Јуп
Хајнкес со насмевка на лицето на денешната средба со новинарите.

„Дефинитивно беа
Американци. Швајни ме убедуваше дека сум познат во САД и ми велеше „шефе, сите
те знаат таму“. Очигледно овие не ме познаваа
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани