89
Откако судијата означи крај на правиот дел, Кевин Де Брујне сакаше да расчисти некои работи со делителот на правдата, односно жолтиот картон кој го заработи неколку минути претходно.
Давид Силва реагираше капитенски и го спречи Де Брујне со цел да не заработи нов картон и исклучување.
Сепак, на Белгиецот не му се допушти ова, па влезе во расправија со Шпанецот.
Тој почна да вика: „Остави ме да зборувам!“, а откако реагираше и Фернандињо, Де Брујне се налути како мало дете и си замина во соблекувалната.
De Bruyne screaming “LET ME TALK!” to Silva like a sulky teen is beautiful pic.twitter.com/P3kAFatijE
— Nooruddean (@BeardedGenius) October 17, 2017