148
Ливерпул имаше неверојатна партија на гостувањето кај
Марибор во третото коло од групата „Е“ во Лигата на шампионите, а тимот на
Јирген Клоп славеше со убедливи 0-7.
Алекс-Окслејд Чемберлејн постојано е мета на критики во
англиската јавност поради, за многумина, големите средства вложени во него ова
лето по трансферот од Арсенал, а тој вечерва погоди во голеадата на својот тим.
Интересна реакција имаше германскиот стратег кој се чини
дека за момент му олесна по голот на репрезентативецот на Гордиот Албион кој го
постигна својот дебитантски погодок во дресот на Редсите.