Барселона има јасен план: Јамал оди по стапките на Меси!

by Стефан
1 минути читање

Ламин Јамал сезонава на само 17 години блесна како вистински предводник на Барселона која успеа да ги освои сите титули на домашната сцена, а следната сезона каталонскиот гигант сака да му даде големо признание.

Имено, според најавите од Каталонија Јамал треба да го носи дресот со број „десет“ кој во Барселона има посебна тежина и него долго време го носеше Лионел Меси.

Сега тој е во сопственост на Ансу Фати, но со оглед на тоа дека клубот не смета на него, многу веројатно и дека ќе си замине на лето.

Интересно е што Меси, како и Јамал започна со дресот број 19.

Фото: FC Barcelona/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×