Гатузо потврди дека заминува од Хајдук: Разочаран сум, никаде не сум видел да се води клуб на ваков начин

by Стефан
1 минути читање

,Италијанскиот стратег, Џенаро Гатузо кој дојде во Сплит со големи амбиции, наскоро и официјално ќе го напушти Хајдук. Иако пред помалку од една година потпиша договор на две сезони.

Гатузо потврди дека натпреварот против Ријека на Пољуд ќе биде негов последен на клупата на „белите“.

„Заедно со мојот адвокат работам на тоа ова да биде мојот последен домашен натпревар“, изјави Гатузо, додавајќи дека нема намера да бара пари за втората година од договорот.

„Не заслужувам нешто што не сум го одработил“, дециден е поранешниот тренер на Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј.

Гатузо отворено проговори за тешкотиите со кои се соочил во Сплит и упати сериозни критики на адреса на управата на клубот.

„Видов дека навивачите се лути, полицијата не чуваше на тренинг. Но, мораме да одиграме најдобро што можеме. Хајдук е голем клуб во мал град, тој е начин на живот. Горд сум што бев тренер на овој клуб, иако со месеци не сум ги видел луѓето што го водат. Никаде во Европа не сум видел клуб да се води еден голем клуб на ваков начин“, нагласи Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×