Билетот за финалето меѓу Вардар и Струга е поевтин од едно кафе!

by riste
0 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди цените на влезниците за финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга, а тие се поволни за сечиј џеб.

Цената на билетите за јужната и северната трибина изнесува 100 денари, а 50 денари за западната.

Билетите се продаваат преку on-line платформата на ФФМ, https://eticket.ffm.mk.

Финалето од Купот на Македонија се игра на 21 мај од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×