Од редовите на Монако го потврдија трансферот на Ерик Дајер кој пристигнува како слободен фудбалер од Баерн Минхен.
Искусниот 31-годишен играч, кој може да настапува и како дефанзивен играч за врска и како централен бек, во германскиот гигант пристигна во 2024 година. За кратко време покажа дека е квалитетен фудбалер кој значајно придонесува во ротацијата на тимот.
Сепак, Дајер сака поголема улога и очекува дека ќе ја добие во новата средина. Англичанецот веќе потпишал преддоговор со Монако, а од 1 јули официјално ќе биде нов член на клубот од кнежевството.
Најголем дел од својата кариера Дајер го мина во Тотнем, каде настапуваше речиси десет сезони. За „спарс“ одигра повеќе од 270 натпревари, а дресот на англиската репрезентација го носеше 49 пати.