Фудбалерот на Нотингем по три дена се разбуди од кома

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, се разбуди од индуцирана кома, по успешно извршена хируршка интервенција за сериозна повреда на стомакот, како што го известува „Би-Би-Си“.

Авонији беше пренесен во болница пред три дена, поради повреда која ја заработи на 11 мај во натпреварот од 36-то коло од Премиер лигата против Лестер, натпревар кој заврши без победник 2-2.

Нигерискиот фудбалер се повреди во 88. минута кога се обиде да искористи еден центаршут на Еланга, но беше во полн трк и не успеа да се запре по што заврши во стативата. Авонији бил опериран веднаш по натпреварот.

Првата фаза на операцијата беше завршена во понеделникот, а во вторник фудбалерот на Нотингем Форест беше ставен во индуцирана кома.

Во вториот дел од хируршката интервенција, кој вклучувал затворање на раната, беше извеен во текот на вчерашниот ден по што Авонији се разбудил во вечерните часови. Раководството на клубот најави интерна истрага во врска со начинот на кој била третирана повредата на фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×