Барса вчера за неколку секунди не стана шампион, денеска судбината е во нивни раце

by riste
1 минути читање

Барселона уште вчера можеше да стане шампион на Шпанија, но Реал Мадрид со гол на Рамон во 95. минута им го одложи славјето.

Вчера се чинеше дека Барселона ќе стане шампион, судијата покажа пет минути продолжување на мечот меѓу Реал Мадрид и Мајорка и веќе течеше петтата минута. Остануваа уште само неколку секунди игра, а тогаш Рамон даде гол за победа на кралскиот клуб од 2-1.

Победата на Реал Мадрид значеше дека Барселона уште не е теоретски шампион на Шпанија, но Каталонците уште денеска може да дојдат до круната.

За тоа да се случи треба да победат на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол.

Со реми нема ништо да се случи, на Барса денес ѝ е потребна победа за на две кола до крајот да ја завери круната.

Мечот меѓу Еспањол и Барселона почнува од 21:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×