Будни се тензиите околу продолжувањето на договорот на Винисиус со Реал Мадрид – преговорите траат со месеци, но договор сè уште нема.
Како што објави „Марка“, двете страни не можат да се усогласат, главно поради финансиски причини. Агентот на бразилската ѕвезда, Фредерико Пења, побарал годишна плата од 30 милиони евра – сума која претседателот на Реал, Флорентино Перез, ја смета за нереална.
Винисиус моментално има договор што важи до 2027 година, со плата од 17 милиони евра годишно, а барањата се речиси двојно повисоки. За споредба, ист таков износ заработува и Килијан Мбапе, додека Џуд Белингем е малку под тоа ниво. Реал Мадрид сака да го задржи Винисиус, но со плата под 20 милиони евра, што засега е далеку од условите што ги бара неговиот табор.
Во меѓувреме, како форма на притисок, агентот на Винисиус отворил паралелни преговори со клубови од Саудиска Арабија, каде што нема ограничувања во буџетот. Ситуацијата останува отворена, а Реал ќе мора да одлучи дали ќе го исполни барањето на својата ѕвезда или ќе ризикува да го загуби во трка со парите од Блискиот Исток.
Што се однесува до настапите – Винисиус сезонава има 20 голови и 16 асистенции, бројки што се добри, но сепак нешто послаби во однос на минатата сезона, кога беше меѓу главните фаворити за „Златна топка“.