Сензацијата на Серија А оваа сезона – Комо, предводен од поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас, стана едно од најпријатните изненадувања не само во Италија, туку и во сите топ 5 европски лиги. Два кола пред крајот на првенството, Комо мирно ја приведува сезоната со 48 освоени бодови и солидна десета позиција, резултат што малкумина го очекуваа од тим што лани избори промоција во елитата.
Фабрегас како тренер направи вистински бум, па според информациите на познатиот италијански инсајдер Николо Шира, за него веќе сериозно се интересираат Милан, Рома, Лајпциг и Баер Леверкузен.
Сепак, амбициозниот Комо не сака лесно да се откаже од својот стратег. Клубот му понудил „фантастичен проект“ и спремен е да вложи меѓу 80 и 100 милиони евра за засилувања, со цел во следната сезона да атакува на излез во Европа. Во моментов, ги делат 15 бодови од шестата позиција што носи учество во Конференциската лига.
Фабрегас минатата година ја заврши блескавата играчка кариера токму во Комо, каде што потоа веднаш стана делумен сопственик и тренер на младинскиот тим. Во летото 2024 го презеде сениорскиот состав и на 37 меча има скор од 13 победи, 9 ремија и 15 порази.
Според „Трансфермаркт“, вредноста на тимот изнесува 176 милиони евра. Комо е на вистински пат да прерасне во сериозен проект, а Сеск Фабрегас изгледа како човекот кој ќе го води во европска авантура.