Милан и Фиорентина се интересираат за ангажман на црногорскиот напаѓач кој игра за Лече, Никола Крстовиќ.
Крстовиќ оваа сезона постигна 11 голови, а имаше и три асистенции во дресот на Лече со што го навлече вниманието на поголемите.
Италијанските медиуми пишуваат дека најконкретен е интересот од Милан и Фиорентина кои ќе се борат за потпсот на црногорскиот фудбалер.
Цената на Крстовиќ ќе зависи и од статусот на Лече за наредната сезона. Доколку овој клуб испадне во Серија А, Црногорецот ќе може да замине за многу пониска цена отколку ако би избориле опстанок.
Поради тоа на Милан и Фиорентина им одговара Лече да испадне во понизок ранг.
На два кола пред крајот Лече е во зоната за испаѓање, со еден бод помалку од Венеција која е првата што се наоѓа во безбедната зона.