Ако Де Хеа замине Фиорентина замената ја гледа во Фенербахче!

by 24 фудбал
1 минути читање

Според информации на турскиот CNN, Фенербахче во летниот преоден рок ќе се обиде да донесе нов голман, а тоа значи дека хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ би можел да ја напушти Истанбул.

Ливаковиќ, кој има јасна цел да биде прв избор на гол пред Светското првенство 2026, е на радарот на Фиорентина. Италијанскиот клуб го гледа како потенцијална замена за Давид Де Хеа, кој со солидните настапи повторно привлекол интерес и би можел да замине во летниот трансфер прозорец.

Ако Де Хеа навистина го напушти „Артемио Франки“, Фиорентина е подготвена да испрати официјална понуда за Ливаковиќ.

Хрватот сезонава бранеше на 31 натпревар за Фенербахче, прими 37 гола и девет пати ја сочува својата мрежа. Сепак, турскиот гигант повеќе не го гледа како клучен играч, а и самиот Ливаковиќ сака да има редовна минутажа пред големите репрезентативни предизвици што следат. Фиорентина ја следи ситуацијата внимателно и во зависност од одлуката на Де Хеа, би можеле наскоро да тргнат по потписот на искусниот хрватски чувар на мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×