Чаби Алонсо ќе ја започне авантурата во Реал Мадрид со три засилувања?!

by bojan
1 минути читање

Чаби Алонсо од 1. јуни ќе го презеде кормилото на Реал Мадрид и ќе ја започне авантурата со три засилувања.

„Кралевите“ во скоро време ќе ја направат промената на теренот, Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на жешкото столче.

Се очекува Чаби Алонсо уште на 1. јуни да го презеде кормилото на „кралевите“, и да ја започне авантурата на „Бернабеу“ со три засилувања.

Медиумите шпекулираат со ангажман на Трент Александер Арнолд, и две имиња кои во моментов не се познати, односно нов лев бек и нов централен дефанзивец.

Низ медиумите кружат многу гласини, а последните велат дека Чаби Алонсо сака со себе во Мадрид да ги понесе Алехандро Грималдо и Џонатан Та.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×