На Фабрегас не му е тешко да признае дека – учи од Интер!

by riste
1 минути читање
Фабрегас, Комо

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас вели дека е импресиониран од Интер, го следи тимот и ги проучува тактичките решенија.

Фабрегас има одлична сезона со Комо и брзо влезе во листата на перспективни тренери за кои почнаа да се интересираат големите клубови.

Шпанецот веројатно и следната сезона ќе го води Комо, но се чини дека нема да помине долго додека да преземе тим со највисоки амбиции.

На Сеск не му е незгодно јавно да каже дека учи од поголемите.

„Навистина ми се допаѓа Интер, ми се допаѓа се што прават. Често ги гледам и ги проучувам, тие имаат поразличен начин на напаѓање во споредба со другите тимови“, вели Фабрегас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×