Анчелоти и Бразил не се договориле, едно барање на Италијанецот ги изненадило Бразилците!

by riste
1 минути читање

Карло Анчелоти нема да биде селектор на Бразил, преговорите завршиле неуспешно иако се чинеше дека работата е веќе решена и остануваат формалности.

Анчелоти денеска во Лондон ги имал завршните преговори со претставниците на Бразил.

Според „Марка“, преговорите пропаднале на самиот крај кога веќе речиси се било договорено.

Анчелоти им рекол на Бразилците дека не може да го напушти Реал Мадрид рано и може да им се приклучи во август. Тие биле шокирани од таквиот негов став и не го прифатиле тоа.

Италијанскиот стратег наводно сака да го води Реал Мадрид на Светското клупско првенство, па дури потоа да го напушти клубот.

Бразил пак сака тој да им стане селектор од јуни.

За разлика од „Марка“, „АС“ кој исто така информира дека преговорите пропаднале, тој тврди дека тоа се случило поради недоразбирања од финансиски аспект.

Како и да е, како што сега стојат работите, Анчелоти нема да биде идниот селектор на Бразил.

Италијанецот погледите сега може да ги насочи кон парите во Саудиска Арабија од каде на маса има огромна понуда од Ал-Хилал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×