На денешен ден, точно пред две години фудбалскиот свет беше сведок на првите минути од кариерата на дебито на Ламин Јамал, тинејџерот кој брзо почна да испишува историја..
Чави Ернандез му даде шанса во 83. минута, при резултат 4:0 во корист на каталонскиот гигант и веднаш можеше да се забележи дека во прашање е фудбалер кој се издвојува од своите врсници.
Од тој момент па наваму, Јамал покажува дека не е само уште еден млад играч, туку фудбалер со извонреден потенцијал и зрелост која ретко се гледа кај играчи на негова возраст. Денес, на 29 април 2025 година, Јамал зад себе има веќе 99 настапи за првиот тим на Барселона, со 21 постигнат гол и 33 асистенции, бројки кои зборуваат за неговото влијание на теренот и сето тоа на само 17 години.
😳 15 años, 9 meses y 16 días.
— LALIGA (@LaLiga) April 29, 2025
💙❤ ¡Se cumplen 2 años del debut de Lamine Yamal!#LALIGAEASPORTS | @FCBarcelona_es pic.twitter.com/mDTlOUmhRX
На клупско ниво, тој веќе ги освои Суперкупот на Шпанија и Купот на кралот, а ова веројатно е само почеток на неговиот трофеен пат. Но Јамал не блеска само во клупскиот фудбал, младиот офанзивец е веќе стандардeн репрезентативец на Шпанија.
Со националниот тим го освои Европското првенство, каде што беше прогласен за најдобар млад фудбалер на турнирот и се најде во идеалниот тим на шампионатот според УЕФА. Исто така, доби признание и од ФИФА која го избра во „тимот на годината“.
Неверојатно звучи кога ќе се каже дека и покрај сите овие успеси, тој се уште и не е полнолетен.
Фото: Barcelona F.C/X