Ал Наср продолжува со агресивната политика за ангажирање на врвни фудбалски имиња, а новата цел на арапскиот гигант е ѕвездата на Вест Хем, Мухамед Кудус. Се очекува тимот за кој настапува Кристијано Роналдо да понуди неверојатни 100 милиони евра за 24-годишниот репрезентативец на Гана.
Понудата на Ал Наср најверојатно ќе биде прифатена од „Чеканите“, кои ќе се разделат со Кудус, иако тој има договор со клубот од Лондон до 2028 година. Според најновите информации, трансферот на Кудус во Саудиска Арабија ќе биде реалност во првите денови од летниот преоден рок.
Мухамед Кудус ја започна својата кариера во акдемија во Гана, а потоа премина во Нордсјеланд во Данска, кој го продаде на Ајакс во 2020 година за 9 милиони евра. По успешниот период во Холандија, Ајакс го префрли во Вест Хем за 43 милиони евра, каде што до сега забележа 27 настапи во Премиерлигата, со три постигнати голови и три асистенции.
Овој трансфер би бил уште еден доказ за финансиската моќ на Ал Наср и нивната амбиција да го донесат најдоброто од европскиот фудбал во Саудиска Арабија.