Португалецот,
покрај Лео Меси, важи за најдобриот на денешницата и еден од најдобрите во
историјата на фудбалот.
Но неговиот пат
до успехот не е лесен, тој како дете минал низ многу тешки моменти.
„Кога имав 11
години, ја напуштив Мадеира за да и се приклучам на академијата на Спортинг
Лисабон, тоа беше најтешкиот период од мојот живот” – открива Роналдо во исповед за
Плејерс Трибјун
„Но тоа беше
можност да продолжам да го бркам сонот. Плачев речиси секој ден. Бев во
Португалија, но како да се преселив во друга земја. Акцентот го правеше јазкот
како сосема друг. Културата беше многу поразлична. Не знаев никого, и бев
екстремно осамен. Моето семејство можеше да си дозволи само посета на секој
четири месеци или така нешто. Ми недостигаа многу, секој ден беше екстремно
болен”.
„Но фудбалот беше
тој кој ме тераше да продолжам, знаев дека на теренот правам работи кои другите
деца не можат. Се сеќавам кога за прв пат слушнав како едно дете му вели на
друго: „Дали го виде? Овој е ѕвер“. Ова почнав да го слушам постојано. Дури и
тренерите зборуваат. Но тогаш некој ќе кажеше, „Да, навистина е ѕвер но штета
што е премногу ситен“. И тоа беше вистина. Бев слабичок. Немав мускули”.
„Па на 11 години
донесов одлука. Знаев дека имам многу талент, повеќе од другите, па решив дека и
ќе тренирам понапорно од другите. Решив да престанам да играм како дете, да
престанам да се однесувам како дете. Си ветив дека ќе тренирам за да станам
најдобриот во светот”.
„Не знам од каде
се појави ова чувство, едноставно беше во мене. Глад која никогаш не
престанува. Кога губите, како да гладувате, но и кога победувате, пак се
чуствувата како да глдувате. Само вака можам да ви објаснам”.
„Почнав да се
искрадувам од интернатот навечер и одев да тренирам. Станав поголем и побрз.
Потоа кога ќе истрчав на теренот, луѓето кои велеа дека сум слабичок се плашеа”.
„Кога имав 15
години, на некој од осиграчите им кажав „Еден ден ќе бидам најдобар во светот“.
Тие само убаво се изнасмеаја. Не бев дел ниту од првиот тим на Спортинг, но ја
имав таа верба, навистина го мислев тоа што го кажав”.