Зошто битката за Лигата на Шампиони во Серија А ќе се води во недела во 12:30 часот?

by bojan
1 минути читање

Расплетот за местата кои водат во Лигата на шампиони во 37. коло во Серија А ќе се игра во необичен термин – недела од 12:30 часот.

Во Серија А е традиција завршните две кола да се играат во исто време кога има борба за пласман, со цел да нема калкулации и ниту еден тим да не биде во предност поради резултатите од другите натпревари.

Па ова создаде многу главоболки за 37. коло, беа разгледани неколку опции за на крајот да биде одлучено дека натпреварите Рома-Лацио, Комо-Парма, Џенова-Милан и Јувентус-Фиорентина ќе се играат во необичен термин, односно во 12:30 во недела.

Проблем прави АТП мастерсот во Рим, за во недела е закажано големото финале и постојат реални шансите Јаник Синер да стане првиот Италијанец по 50 години што ќе го освои турнирот.

Па поради безбедносни причини (Олимипико и Форо Италико се дел од истиот спортки комплекс), одлучено е римското дерби да се игра во 12:30 часот, а да се запази регуларноста, сите екипи кои се борат за топ 4 пласман, ќе играат во ист термин.

Доколку Наполи вечерва ја победи Болоња, натпреварот против Пиза ќе го игра во 18 часот, но доколку киксне, и овој меч ќе биде во терминот од 12:30.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×