Асенсио во Реал Мадрид до 2023. година, притоа и откупна клаузула од која боли глава…

by
1 минути читање

Еден од најголемите фудбалски таленти во Европа и светот,
Марко Асенсио го продолжи договорот со шпанскиот и европски првак Реал Мадрид
до 2023. година.

Младиот Шпанец досега одигра 48 натпревари за Кралевите
на кои постигна 14 погодоци, притоа го подигна победничкиот трофеј во Лигата на
шампионите, Шпанија, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа и Светското
клупско првенство.

Асенсио во тимот од Мадрид дојде пред три години и тоа од
Мајорка, но веднаш беше вратен во тој тим на позајмица, за потоа да биде
испратен на истиот начин и во Еспањол, а неговите добри игри значеа шанса и за
гигантот, што беше воедно и искористена.

Она што е исто така за издвојување за веста која
пристигна од Мадрид е фактот што европскиот и шпански првак му постави откупна
клаузула во неговиот договор за фантастични 500 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×