ЛШ: ПСЖ го почести Баерн Минхен со три гола, Челси во фото финиш славеше над Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

by
9 минути читање

Дербито на вечерта се играше во Париз, каде ПСЖ со 3-0 го
совлада Баерн Минхен во мечот од групата „Б“.

Гостите ја почуствуваа моќта на домаќините кои беа крајно
мотивирани за супер офанзивна игра, која воедно Унаи Имери ја постави со самата
формациска поставеност, иако Карло Анчелоти постави иста, Баерн Минхен беше
целосно немоќен во Париз.

Алвеш уште во 2. минута ги доведе ПСЖ во почетно водство
од 1-0, истото го дуплираше Кавани во 31. минута. Конечните 3-0 од средбата ги
постави Нејмар со својот гол во 63. минута. Во истата група Селтик со 0-3 славеше на гостувањето кај Андерлехт.

Во мини дербито на вечерта Челси со гол во самиот финиш славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 1-2, а во конкуренцијата од истата група „Ц“
претходно Рома славеше со 1-2 на гостувањето кај Карабах.

Атлетико Мадрид прв поведе против Челси со голот на Гризман од пенал во 40. минута, но гостите во вториот дел од мечот направија целосен резултатски пресврт, најнапред Мората во 60. минута биеше за 1-1 а голот за победа во самиот финиш од средбата го постигна Батшуаи за конечни 1-2 во корист на тимот од Лондон.

Манчестер јунајтед и Базел забележаа убедливи победи во
конкуренцијата „А“, англискиот тим славеше кај ЦСКА Москва со 1-4, додека пак
швајцарскиот клуб со 5-0 и нанесе тежок пораз на Бенфика.

Барселона со минимална победа од 0-1 си замина од
гостувањето кај Спортинг Лисабон во рамките на групата „Д“, а во истата група
Јувентус со 2-0 ја оправда фаворитската улога против Олимпијакос на домашен
терен.

 

РЕЗУЛТАТИ, СТРЕЛЦИ И НИВНИТЕ ПОГОДОЦИ ВО ВЕЧЕРАШНИТЕ
СРЕДБИ

 

Група „А“

ЦСКА Москва – Манчестер јунајтед 1:4 (Лукаку 4’, 27’, Мартиал 19’, Мхитаријан 57’, Кушаев 90′)


Базел – Бенфика 5:0 (Ланг 2’, Оберлин 20’, 69’, Ван Волфсвинкел 59’, Риверос 76’)

 

Група „Б“

ПСЖ – Баерн Минхен 3:0 (Алвеш 2’, Кавани 31’, Нејмар 63’)

Андерлехт – Селтик 0:3 (Грифитс 38’, Кара автогол 50’, Синклер 90′)



Група „Ц“

Карабах – Рома 1:2 (извештајот и погодоците – ТУКА)

Атлетико Мадрид – Челси 1:2 (Гризман 40’, Мората 60’, Батшуаи 90′)

Група „Д“

Спортинг Лисабон – Барселона 0:1 (Коатес автогол 49’)

Јувентус – Олимпијакос 2:0 (Игуаин 69’, Манџукиќ
80
)

 

Фото-вест: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани