Црвена Звезда си ја исполни задачата на домашно тло и ја одбрани титулата во Србија. Сепак, тоа овојпат не им носи директен пласман во Лигата на шампионите бидејќи падна рејтингот на српскиот клупски фудбал.
Шампионот на оваа земја треба да тргне од второто квалификациско коло, а тоа може да го промени норвешки клуб. Станува збор за Бодо/Глимт кој игра во Лигата на Европа и може да влијае на иднината на Србите.
Имено, доколку Норвежаните направат чудо и го освојат овој европски трофеј, тоа би значело дека Црвена Звезда ќе игра директно во плеј-офот за Лигата на шампионите бидејќи Бодо оди директно во натпреварувањето.
Бодо/Глимт ќе игра во четвртфиналето на Лигата на Европа против фаворитот Лацио, а за да се исполнат желбите на Србите треба да се случи вистинско чудо.