812
На крајот на сезоната Кевин Де Брујне по една деценија ќе замине од Манчестер Сити. Белгиецот потврди дека ги игра последните месеци на „Етихад“, а потоа ќе замине на нова авантура.
Според англиските медиуми, Сити веќе има одбрано потенцијална замена за Де Брујне и таа би дошла од германскиот првак. Главна желба на „граѓаните“ е Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
За неговите услуги Сити би морал да исплати огромни 120 милиони евра. Германецот остана во редовите на тимот од Леверкузен, ама јасно е дека му следува голем трансфер ако продолжи во ист ритам.
Во моментов Вирц е повреден и неговата цена може малку да опадне.