Јувентус во борба со премиерлигашите за ѕвездата на Аталанта

by 24 фудбал
1 минути читање

Адемола Лукман ова лето речиси сигурно ќе замине од Аталанта. Клубот ќе го испочитува џентлменскиот договор со фудбалерот да го пушти да замине налето.

За услугите на нигериското крило веќе се заинтересирани повеќе клубови главно од Премиер лигата. Сепак, на листата заинтересирани има и едно изненадувачко име, а тоа е италијанскиот гигант Јувентус. „Старата дама“ многу веројатно финансиски не може да се бори со премиерлигашите, меѓутоа желбата за потпис е голема.

Лукман е проценет на 60 милиони евра, па останува да видиме колку ќе бара Аталанта за својата најголема ѕвезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани