1,3K
Кевин Де Брујн ќе го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната, а според последните најави Белгиецот ќе замине и од европскиот фудбал.
Сега големи пофалби на сметка на одличниот фудбалер за врска испрати легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.
Во Премиер лигата настапуваа голем број одлични странски фудбалери, но според Карагер само еден од сите бил подобар од Де Брујн и тоа – Тиери Анри.
„За мене Де Брујн е најдобриот фудбалер во последните четири-пет години во Премиер лигата. Исто така сметам дека во Англија немало подобар странски играч од него, освен Тиери Анри“, истакна поранешниот дефанзивец.
Како наредна можна нова дестинација за Де Брујн се споменуваат Саудиска Арабија и МЛС лигата.