Манчестер сити ја тестира Барселона – сака да го доведе Јамал за апсолутен рекорд!

by Стефан
1 минути читање

Звучи невозможно и неверојатно, но одредени шпански медиуми денеска пренесуваат сензационална вест – Манчестер сити ќе ги сруши сите рекорди за да го доведе Ламин Јамал.

Јамал блеска во Барселона каде што е еден од највжните фудбалери, но на „Етихад“ се подготвени да испратат понуда која би била апсолутен рекорд во светот на фудбалот.

Наводно, англискиот гигант е подготвен за Јамал да плати сума од 275 милиони евра со што би се поставил нов рекорд помеѓу трансферите.

Дефинитивно во Барселона не размислуваат за продажба на Јамал, меѓутоа во ситуација кога Лапорта се уште не ги решил во целост финансиските проблеми клубот би можел да размисли.

Рекордот во овој момент и понатаму го држи Нејмар со трансферот во ПСЖ за 222 милиони евра, а зад него следи Мбапе исто така со преселбата во француската престолнина за 180 милиони евра. Третиот рекорден трансфер го направи Барселона со доведувањето на Кутињо за 135 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани