Консеисао: Планот не беше таков, пристапот во првите 25 минути беше многу лош

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан одигра нерешени 2-2 против Фиорентина во рамките на Серија А. Овој резултат е донекаде и позитивен бидејќи „росонерите“ имаа негатива од 0-2 многу рано во натпреварот.

Тренерот Серџо Консеисао беше незадоволен и за време, но и по мечот. Сепак, иако критикуваше презеде и вина за поразот.

Пристапот во првите 25 минути беше многу лош. Нашиот план не беше таков, но јас ја преземам одговороноста. Имавме многу разговори и играчите ми дадоа позитивни сигнали во последните неколку дена. Натпреварот против Интер беше многу поинаков, бевме балансирани и правевме помалку грешки. Секогаш сум велел дека класата на играчот не е само во една работа“, изјави Консеисао.

Инаку, Милан се извлече во финишот на мечот бидејќи со ВАР ѝ беше поништен гол на Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани