Тамба: Ние се бориме за титула, а Тиквеш за опстанок – нема да биде лесно!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија во Кавадарци против Тиквеш ќе брка нови бодови во борбата за титулата во ПМФЛ.

Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе крилото Фабрис Тамба. Тој нагласи дека нема да биде лесно против ривалот кој се бори за опстанок.

Добро се подготвивме за овој натпревар. Тимот работеше многу намерно и подготвени сме за секој предизвик, против било кој ривал во лигата. Тиквеш се бори за опстанок во ПМФЛ, а ние за титула. Поради тоа сметам дека тоа ќе биде голем предизвик. Последниот пат не ни беше лесно против овој ривал, ама успеавме да победиме. Се надеваме дека така ќе биде и овојпат“, изјави крилниот фудбалер.

На врвот на табелата Шкендија има четири бода предност пред второпласираниот Силекс. Од друга страна, Тиквеш со 22 е деветти, ама под него е Воска со ист број бодови, па следуваат Брера и Беса со по 21.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани