Слатка одмазда: Еланга претрча повеќе од половина терен и му даде гол на „својот“ Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Нотингем форест води против Манчестер јунајтед благодарение на гол на Ентони Еланга кој во овој тим пристигна токму од Олд Трафорд.

Еланга седум години беше дел од школата на Манчестер јунајтед, па две години играше за сениорскиот тим. Но, лесно беше пуштен да замине во Нотингем форест во 2023 година.

Се чини дека Јунајтед не го ценеше доволно, а тој денеска им покажа дека погрешиле.

Еланга претрча повеќе од половина терен и ја смести топката во мрежата на Јунајтед за водство на Нотингем од 1-0. Но поради почит кон неговиот поранешен клуб, не се радуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани