383
Ливерпул покажува сериозен интерес за да го доведе Милош Керкез од Борнмут.
Сепак, оваа операција нема да биде многу лесна. „Црешите“ за потписот на Керкез бараат барем 50 милиони евра за неговите услуги.
Ливерпул во унгарскиот репрезентативец гледа одлична замена за Енди Робертсон во иднина. Керкез е член на Борнмут од 2023 година, има долг договор со клубот и тие нема лесно да се откажат од него.
Меѓутоа, Милош Керкез со одличните партии го привлече вниманието на гигантите, па понуди за него нема да изостанат.