Мбапе: Сакавме да не им дадеме да дишат и да направиме што понепријателска атмосфера!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекцијата на Франција го сврте двомечот со Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нациите. „Триколорите“ ја анулираа негативата и победија со 2-0, се играа продолженија и мечот влезе во пенал серија. Таму Французите беа подобри со 5-4.

По натпреварот својот став го изнесе капитенот Килиан Мбапе кој даде навистина интересна изјава.

Станавме со идеја дека мора да имаме одлична ноќ. Бевме уверени дека можеме да направиме нешто големо, моравме да напаѓаме и да не им дадеме да дишат. Тие се тим кој те тера да трчаш кога има топка. Добро тргнавме, ама ни недостигаа голови и моравме да бидеме попрецизни во завршницата. Потоа Мајкл изведе одличен слободен удар, а погоди и Осман. Сакавме да дадеме трет гол, но стигнавме до пенали. Знаевме дека имаме голман кој може да направи разлика.

Потребна ни беше ваков натпревар за да ја вратиме публиката. Ја чувствувавме атмосферата на „Стад д Франс“, сакавме да направиме што понепријателска атмосфера. Вечерва јасно покажавме дека играме дома, луѓето се поврзаа веднаш и беше убаво да се игра“, изјави Мбапе.

Во полуфиналето Франција на завршниот турнир ќе се судри со Шпанија, додека во првото полуфинале играат Германија и Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Олисе прв по Ротен: Франција направи нешто што не ѝ успеало 18 години!

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Франција подобро шутираше пенали од Хрватска (5-4) и откако анулира негатива од два гола се пласира на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на нациите.

На овој натпревар кој се одигра на „Сент Дени“ во Париз домашната екипа успеа да направи нешто што не ѝ успеало 18 години.

Мајкл Олисе во 52. минута погоди директно од слободен удар. Тоа беше прв погодок директно од ваков тип на прекин за Французите уште од Жером Ротен во квалификациите за Европското првенство во 2007 година против Исланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани