1,1K
Фудбалскиот клуб Пелистер ќе го дочека Вардар во рамките на 25. коло на ПМФЛ.
Дербито во Битола ќе се одигра следната сабота на стадионот „Петар Милошевски“. За таа цел битолчани известија дека сите средства од билетите ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во трагедијата која се случи во ноќен клуб во Кочани.
Пелистерци повикаа на масовност и полна трибина, а средствата ќе бидат донирани. Цената на еден билет ќе биде 200 денари.