Сколс: Долго време Јунајтед се сметаше за најбогат клуб на светот, а сега просиме…

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, ја прокоментира работата на новото раководство на чие чело е Џим Ратклиф. Според него, иако луѓето сметаат дека Јунајтед е богат клуб, на моменти делува како да проси.

Некогаш можете да бидете лесноверни и да поверувате во зборовите на Џим Ратклиф од проста причина што не сте слушнале друг човек од Јунајтед да зборува за тоа. Не знаеме колку е реално. Зборовите се ефтини, можете да кажете било што, дека за десет години ќе имате најубав стадион на светот…

Долго време Јунајтед го сметаа за најбогат клуб на светот, а сега имам чувство како да просиме. Бараме пари за стадион за чија изградба се потребни две милијарди евра, а продаваме играчи за да купиме други“, изјави Сколс.

„Црвените ѓаволи“ во последните години се далеку од посакуваното ниво, иако редовно вложуваат огромни суми за нови засилувања. Ниту доаѓањето на Рубен Аморим не смени многу за краток рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×