1,1K
Од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека поради трагедијата во Кочани одложени натпреварите во сите конкуренции кои требаа да се играат денеска.
„Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, соопштија од ФФМ.