Во рамките на 24. коло на Првата македонска фудбалска лига имаше неколку изненадувања.
Рундата тргна со дербито меѓу Вардар и Шкендија в петокот (1-1). Продолжи со петте денешни меча, а најизненадувачки беа победите на Беса над шампионот Струга (3-2) и Тиквеш против Гостивар (2-1). Исто така и Пелистер како гостин и тоа со човек помалку го победи Шкупи (0-1).
- Натпревари од 24. коло на ПМФЛ:
Вардар – Шкендија 1-1
Беса – Струга 3-2
Тиквеш – Гостивар 2-1
Шкупи – Пелистер 0-1
Воска Спорт – Работнички 1-1
Брера – Силекс 0-2
- Сите голови од оваа рунда:
ТАБЕЛА: Шкендија (50), Силекс (48), Работнички (45), Гостивар (44), Струга (38), Шкупи (31), Пелистер (29), Вардар (22), Тиквеш (21), Брера (21), Беса (21), Воска (19).