794
Виктор Ѓоќереш дефинитивно ќе биде еден од фудбалерите за кои најмногу ќе се пишува во летниот преоден рок, а според последните информации на медиумите раководството на Спортинг и ја одредило неговата цена.
Наводно станува збор за сума од 65 милиони евра која може да биде и зголемена во зависност од тоа колкав ќе биде интересот за шведскиот голгетер.
Напаѓачот претходно се поврзуваше со екипите на Пари Сен Жермен, Арсенал и Баерн Минхен.
Ѓокереш сезонава во сите конкуренции за Спортинг шпостигна 37 голови, а ќе потсетиме пристигна од англискиот Ковентри за 20 милиони евра.
Спортинг засега не брза бидејќи неговиот договор има важност до 2028 година.