Фудбалерка од Нигерија потпиша за ЖФК Љуботен

by Стефан
0 минути читање

Teтовскиот клуб ЖФК Љуботен потврди ново засилување во своите редови и тоа Нигеријката Мариан Охадиве.

Охадиве се очекува да донесе квалитет и искуство во ЖФК Љуботен бидејќи пристигнува од турската Суперлига, но исто така настапуваше и во Лигата на шампионите.

Клубот очекува да помогне во амбициите за одбрана на шампионската титула во првенството.

Како што информираа Охадиве ќе биде и последното засилување за нив во овој преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани