Шпанија остана без голем талент, момчето кое блесна во Комо одбра друга репрезентација!

by 24 фудбал
1 минути читање

Талентираниот Асане Диао одлучи во сениорскиот фудбал да настапува за репрезентацијата на Сенегал.

19-годишникот кој зимава за 12 милиони евра пристигна од Бетис во Комо и блесна во калчото со пет гола на десет натпревари важи за еден од најталентираните фудбалери кои Шпанија ги имаше. Диао во минатото беше дел од младинските репрезентации на Шпанија, играше за селекциите до 18, 19 и 21 година.

Сепак, сега доби повик од Сенегал и реши да игра за земјата од која потекнува. Иако Шпанците го имаа во своите планови за иднината, Диао не сакаше да чека и ќе настапи во сениорската репрезентација на Сенегалците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани