1,K
Фудбалската федерација на Македонија ги делегира официјалните лица за натпреварите од 24. коло на ПМФЛ.
Натпреварите од оваа рунда се играат в петок и сабота. За дербито меѓу Вардар и Шкендија ќе го суди Фатмир Бафто, а дуелот на Шкупи и Пелистер го доби Илиоски.
- Делегирање за натпреварите од 24 рунда:
Вардар – Шкендија (Фатмир Бафто)
Шкупи – Пелистер (Влатко Илиоски)
Беса – Струга (Стојанче Трпчевски)
Воска Спорт – Работнички (Благојче Ралевски)
Тиквеш – Гостивар (Марјан Младеновски)
Брера – Силекс (Фуркан Идризи)
Првата средба е на програмата в петок во 15:00 часот, а останатите дуели се во ист термин в сабота.