На крајот на актуелната сезона Фудбалската репрезентација на Србија ќе направи промена со главниот спонзор на дресовите и во иднина репрезентацијата ќе соработува со американската компанија „Капели“.
Прв натпревар во кој ќе игра во дресовите од оваа компанија за Србија ќе биде на 9 септември во Белград против Англија.
Според информациите на „Моцарспорт“ во овој натпревар Србија ќе настапи со специјални дресови.
Наводно планот во репрезентацијата е одново да ја вратат сино-белата комбинација која во минатото ја користеше репрезентацијата на Југославија. Во такви дресови настапуваше и селекцијата на Србија и Црна Гора пред овие две земји да се одвојат.
Србија оттогаш наваму во главно настапувва во дресови со црвена или бела боја.
Засега не е познато дали оваа сина комбинација со која би настапипле против Англија ќе се користи само за тој натпревар или и во иднина.