Новите правила носат еден од најчудните трансфери, Реал Мадрид ќе плати за да потпише со ТАА?!

by bojan
1 минути читање
Арнолд

Реал Мадрид може беспари да го ангажира Тренет Александер Арнолд, но „кралевите“ се подготвени да платат со цел да го имаат десниот бек на време за новото Светско клупско првенство.

Тренет Александер Арнолд ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, никако да пристигне абер за нова соработка, па често се говори дека десниот бек ќе ја промени средината.

Реал Мадрид се посочува како главен фаворит, „кралевите“ имаа еден неуспешен обид да го купат Англичанецот во јануари.

Клубот од „Бернабеу“ останува заинтересиран за ТАА и последните информации говорат за можноста Реал Мадрид да плати одредена сума за реализирање на трансферот и покрај тоа што можат беспари да го добијат.

Поради новото Светско клупско првенство, ФИФА ќе дозволи „привремен преоден рок“ за клубовите кои ќе учествуваат, па тие ќе можат да донесат засилувања во првите десет дена од јуни месец.

Со оглед на тоа дека договорот на Трент Александер Арнолд истекува на 30. јуни, Реал Мадрид е подготвен на Ливерпул да му плати одредено обесштетување за десниот бек да му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти на турнирот во САД.

Останува да се види дали Ливерпул ќе биде подготвен за една ваква зделка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани